Бугарски медиуми: Посетата на Мицкоски на Вашингтон е од приватен карактер
Американската ПР компанија „Дашл груп“, со која Скопје и ВМРО-ДПМНЕ имаат официјален договор од 2015 година, го поканила македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Вашингтон, а не новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, дознава Lupa.bg од дипломатски кругови.
„Посетата на македонскиот премиер е од приватен карактер. Затоа, тој нема да присуствува на официјалната церемонија на инаугурација на Трамп. Тој ќе биде приватно лице во широкиот круг на присутни, во кој ќе има новинари од Бугарија и јавни личности од целиот свет“, се вели во текстот на Lupa.bg.
Според извори на Lupa.bg, бугарскиот претседател Румен Радев не добил „покана“ за инаугурацијата на Доналд Трамп. Покани немаат ниту бугарската претседателка на Народното собрание Наталија Киселова, бугарскиот премиерот Росен Жељазков и бугарскиот министерот за надворешни работи Георг Георгиев.
„Поканетите“ гости од Европа се исклучително малку и по голема веројатност нема да има официјално лице од Бугарија.