Бугарија прати авион со кој ќе превезе петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство тргнал за Македонија за да до бугарските болници превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.
Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.
Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Северна Македонија, информира Владата во Софија.