Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија


 

Доколку „Гаспром експорт“ не најде начин да го плати транзитот на својот гас преку Бугарија до Србија по продолжението на гасоводот „Турски тек“, така што Газпромбанк, која беше санкционирана од САД пред повеќе од две недели, да не учествува во со трансферите, „Булгартрансгаз“ ќе престане да ја носи суровината. Ова во вторникот пред новинарите го изјави вршителот на должноста министер за енергетика Владимир Малинов, пренесуваат бугарските медиуми.

„Булгартрансгаз“ договорните односи ги исполнува навреме и со потребниот квалитет. Функција на компанијата која го резервирала капацитетот и која ги вршела плаќањата преку Газпромбанк е сега да најде решение доколку сака да продолжи да ѝ се дава услугата, рече министерот.

Тој потсети дека режимот на санкции на САД има преоден период и затоа транзитот на руски гас преку бугарска територија до Србија е заштитен за декември. Според него, до 20 декември треба да се најде решение за проблемот.

Според неофицијални информации, се бараат начини плаќањата да се вршат преку странска компанија посредник.

Санкциите против Гаспромбанк и шест нејзини странски подружници беа воведени од Министерството за финансии на САД на 22 ноември.

Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена ги ослободи странските купувачи од обврската за плаќање на рускиот природен гас на сметка во Газпромбанк, а тоа може да се направи преку овластена банка.

Приходите од транзитот кон Србија претставуваат значителен дел од приходите на бугарскиот државен оператор за пренос на гас.