Бучковски: Ниту еден македонски Бугарин не сигнализирал дека е дискриминиран

Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија е договорот од 2017 година. Според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји.
Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Македонија има направено двојно повеќе од Бугарија, давајќи пример со финансирањето на пругата до Крива Паланка за која се обезбедени 400 милиони евра. Потоа, за 45 минути помалку патување од Скопје до Софија по патот од Ранковце до Крива Паланка, а делот од Крива Паланка до Деве Баир ќе биде готов до крајот на 2022 година. Истовремено, вели тој, треба да се направи поврзување и со автопат до Штип, кој преку Делчево и Благоеврад треба да има врска со Бугарија.
Според Бучковски, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Северна Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа. За да се смени Уставот на Северна Македонија и во него да се вклучат Бугарите, мора да има поддршка од 81 пратеник. Опозицијата во македонскиот парламент, претставувана од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на овачковски: ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал ј, но истовремено сигнализира дека сака реципроцитет и покрај тоа што бугарскиот Устав нема таков елемент. Прашањето за човековите права и заедничката историја што ги обединува народите преку заеднички личности ќе мора да се продолжи, бидејќи тоа е напишано во Договорот.
Бучковски во интервјуто им се обрати на бугарските граѓани, прашувајќи ги каков е ефектот од блокадата на Северна Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза, а одговорот според него бил вториот.
– Решението е во Договорот, двете влади мора да ја вратат довербата. Проблемот беше што во Бугарија немаше влада осум месеци, додаде Бучковски, што според него влијаело и на севкупната динамика на барање решение за проблемот.
За поранешниот македонски преговарач клучно е прашањето, зошто блокадата дојде од бугарска страна, што била голема енигма за него.