Бројот на починати од алкохолизам во Англија зголемен за 20 отсто


Смртните случаи од заболувања на црниот дроб поврзани со прекумерна потрошувачка на алкохол во Англија скокнале за невидени 21% во 2020 година, според Агенцијата за јавно здравје Англија (ПХЕ). Официјалните бројки ја потврдуваат загриженоста од првата година на пандемијата дека луѓето со алкохолни проблеми пијат уште повеќе кога се принудени да бидат затворени во своите домови.

Податоците за потрошувачката покажуваат зголемување од 24% на количините на алкохол продадени во продавници и супермаркети помеѓу март 2020 и март 2021 година во споредба со претходните 12 месеци.

Сепак, зголемувањето не е рамномерно распределено помеѓу различните групи на корисници. Заболувањето на црниот дроб е втор најголем фактор за ненавремена смрт на британците на работоспособна возраст.

Во реална смисла, зголемувањето е од 5.819 на 6.983 смртни случаи поврзани со алкохол. Од нив 80 отсто се должат на сериозно оштетување на црниот дроб. Во годината пред пандемијата, зголемувањето кај овие случаи беше 3%, т.е. 7 пати помалку.