„Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места


Мултинационалната компанија „Бритиш американ тобако“ (БАТ) најави укинување на 5.500 работни места ширум светот, како дел од програмата за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста и забрзување на примената на вештачката интелигенција во бизнисот.

Дополнителни 3.500 работни места ќе бидат префрлени на партнерите на БАТ, меѓу кои и ирската компанија за ИТ услуги „Ексенчр“ (Accenture), со што реструктурирањето вкупно ќе опфати околу 9.000 вработени.

САД најголемиот пазар на БАТ, ќе бидат изземени од програмата за намалување на трошоците, за која се очекува да му заштеди на компанијата дополнителни 600 милиони фунти годишно до 2028 година.

Управниот одбор на БАТ веќе одобри план за заштеда од 500 милиони фунти до почетокот на 2027 година.