Британска диско група и американска соул пејачка ѕвезди на 29. „Златна бубамара на популарноста“
Американската соул пејачка Марта Хај ќе настапи на шоуто „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот.
Марта Хај (81) ја нарекуваат соул-божица и е најпозната по 32-годишната соработка со легендарниот Џејмс Браун како негов прв придружен вокал. Таа настапувала и со Литл Ричард, Џери Ли Луис, „Темптејшнс“, Арета Френклин, Б. Б. Кинг, Стиви Вондер, Принс, Мајкл Џексон, „Полис“ и многу други.
„Со нетрпение чекам да настапам пред публиката во Македонија“, рече Хај пред нејзиниот настап на 29. „Златна бубамара на популарноста“, на која ќе добие награда за животно дело.
Таа ќе ја испее култната песна „Се чувствувам добро“ (I Feel Good).

Британската соул, фанк и диско група Delegation, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 70-тите и 80-тите години се, исто така, гости на годинешната Златна Бубамара на популарноста. Групата ќе ја добие и наградата за животно дело.

“Овие настапи ќе бидат вистински празник на музиката, емоциите и трајната магија на Delegation и Марта Хај, а годинешното мото на Златна Бубамара – „Апсолутна власт, апсолутна забава“ – ќе добие свое вистинско значење на сцената на 26 февруари“, велат од радио „Бубамара“.