Британија во френетична потрага по нов премиер
Лидерот на „Брегзит“, Борис Џонсон, изгледа дека го зацврсти своето место во трката за водство на Велика Британија, откако остана нечепнат во телевизиската дебата против неговите четири преостанати ривали, пишува АФП.
Поранешниот министер за надворешни работи ја задржа својата смиреност и во ниеден не потклекна момент во пресметката што следеше по гласањето во вториот круг, во кое тој зграпчи повеќе гласови од неговите тројца најблиски предизвикувачи. Џонсон се повлече од првата телевизиска дебата во неделата и внимателно ги менаџираше своите медиумски ангажмани.
Тој во вторникот се претстави како единствен политичар кој може успешно да ја извлече Велика Британија од Европската Унија и да го испорача „Брегзит“ за кој се одлучија гласачите на Велика Британија пред три години.
„Мораме да излеземе на 31 октомври бидејќи во спротивно се плашам дека ќе се соочиме со катастрофална загуба на довербата во политиката“, рече Џонсон во едночасовната сесија на прашања и одговори на Би-би-си со гласачите.
„Мислам дека Британците се целосно исцрпени“, додаде тој.
Но ниту тој ниту другите не ги кренаа рацете кога беа прашани од Би-би-си дали можат да гарантираат дека „Брегзит“ ќе се случи на 31 октомври.
Ова поле ќе се намали на четири, кога 313 пратеници на Конзервативната партија во Долниот дом требаше да го одржат третото тајно гласање вчера попладне.
Изненадувачки мирната дебата во вторникот донесе малку за да се смени растечкото чувство дека Џонсон ќе треба да направи грешка од монументални размери да не победи во оваа фаза.
Весникот „Гардијан“ го нарече Џонсон „трезвен и разумен“. „Тој сè уште е јасен фаворит и речиси сигурно следниот премиер“, напиша весникот.
Џонсон доби 126 од 313 гласа на конзервативните пратеници во вторникот. Министерот за надворешни работи, Џереми Хант, освои 46 гласа и министерот за животна средина Мајкл Гоув 41.
Умерениот меѓународен министер за развој Рори Стјуарт го продолжи својот предизвик со речиси двојно зголемување на неговата поддршка на 37. Министерот за внатрешни работи Саџид Џавид доби точно 33 гласа потребни за да влезе во третиот круг.
Велика Британија е френетично во потрага по лидер откако премиерката Тереза Меј минатиот месец поднесе оставка поради нејзиниот повторен неуспех да го испорача „Брегзит“ навреме.
Нејзиниот наследник ќе мора да ја реши најдлабоката политичка криза во Британија во неколку генерации и одредувањето на условите за тоа какви ќе бидат односите со остатокот од Европа во наредните децении.
Дополнителните два круга на гласање ќе ја намалат листата на кандидати на само двајца денес. Финалистите ќе се соочат со 160.000 члена на владејачката партија на изборите следниот месец за да одлучат кој ќе победи. Предноста на Џонсон е толку голема што некои британски медиуми велат дека другите едноставно се борат за добро место во неговата идна влада.
Стјуарт во вторникот возврати на најдиректните заплашувања на Џонсон тврдејќи дека непостигнувањето договорот не е веродостојна закана. И Хант и Гоув повторија дека може да се бара дополнително одложување ако договорот за „Брегзит“ е на дофат. Но Џавид рече дека е „фундаментално“ да се излезе во новиот краен рок, без оглед на последиците.
Џонсон предупреди дека тој е подготвен да ја однесе Британија надвор од Европската Унија без договор – сè додека тоа се прави до крајниот рок од 31 октомври. Но, тој, исто така, го нарече овој тежок разговор како тактика за преговарање дизајнирана да го исплаши Брисел и да ја принуди на компромис за проблемот со статусот на ирската граница.
Лидерите на ЕУ одамна ја отфрлија можноста за повторно отворање на обврзувачкиот дел од договорот што сите го потпишаа со Меј минатата година. Само Стјуарт отворено се обидува да го спаси пакетот на Меј, надевајќи се дека ќе го однесе низ британскиот парламент во четвртиот обид.
„Дејли телеграф“ сугерираше дека Стјуарт и Џонсон се приближиле кон пресметката еден против еден откако излегоа како големи победници од гласањето и дебатата во вторникот. (АФП)