Британија размислува да подели ваучери од 500 фунти за возрасни и 250 фунти за деца
Британскиот министер за финансии размислува за план за издавање ваучери од 500 фунти за возрасни, односно 250 фунти за деца, како помош на секторите погодени од корона вирусот.
Предлог-планот фо смисли тинк-тенк Фондацијата Резолушн, од каде неодамна разговараа со министерот за финансии, пишува Гардијан.
Ваучерите би требало да се трошат во секотирте како угостителски и малопродажба „лице во лице“, место онлајн купување.
Сунак за неколку дена ќе ја објави шемата на владата за поддршка на работни места и текот на стопанството низ кризата предизвикана од пандемијата.
Овие предлози се слични на плановите спроведени во Кина, Тајван и Малта.
Имено, кинескиот град Вухан, за кој се верува дека во него првично изби епидемијата, во април издаде ваучери во вредност од 500 милиони јуани (57 милиони фунти), кои можеа да се користат во ресторан, шопинг-центри, продавници и културни, спортски и слични содржини.