Бредли Купер семејно, а не заради „Маестро“ во Венеција


Венеција- Бредли Купер нема да присуствува на премиерата на неговиот нов филм „Маестро“ на филмскиот фестивал во Венеција во знак на солидарност со штрајкот на SAG-AFTRA, изјави портпаролката на фестивалот Лазарин Микела, кој почна вчера и ќе трае до 9 септември. Додека Купер го режираше „Маестро“, тој глуми и како Леонард Бернштајн во биографскиот филм на Нетфликс. Неговата одлука да не се појави на црвениот килим на Мостра е во знак на поддршка за актерите што штрајкуваат за поголеми плати и подобри услови.

Тоа е уште еден знак за тоа како тековните штрајкови на сценаристите и актерите, на кои не им се гледа крајот, ја прават годинешната сезона на награди исклучително комплицирана. 

 
Актерот сепак дојде во Венеција приватно, по одморот во Италија со ексдевојката, супермоделот Ирина Шајк и нивната ќерка Ли Де Сејн. Тие не беа заедно во последните четири години, но останаа во добри односи по разделбата. 
 

Поранешната двојка во Венеција е фотографирана со насмевки на лицата и расположени, а изгледале и многу интимно за време на возењето со брод и ручекот каде подоцна се дружеле. На ручек им се придружила и неговата мајка Глорија Купер. 

Руската манекенка Шајк од неодамна е во врска со поранешниот американски фудбалер Том Брејди, кој се наоѓа во Мајами – а како што изјави медиумски извор, Том воопшто не е љубоморен на времето кое поранешната двојка го поминува заедно. Покрај тоа, тој е разбирлив и ја поддржува Ирина – тој верува дека е важно да се одржуваат добри односи со поранешната првенствено за доброто на нивната ќерка.

Бидејќи Брејди исто така го дели старателството над ќерката што ја имаше со поранешната сопруга Жизел Бундхен, тој целосно ја разбира ситуацијата во која се наоѓа неговата нова девојка. Двајцата поминуваат време со бившите и немало „никаква драма“ околу тоа – нивната врска наводно оди многу добро, а неодамна извор близок до фудбалерот изјавил дека Ирина позитивно влијаела на него и му помогнала со нервозата и нападите со кои се справува од пензионирањето.

Веќе стара вест се фотките на Ирина Шајк топлес и во патики за време на нивниот заеднички одмор во Италија.