Бразил испраќа војници на границата со Венецуела. Расте стравот од нова војна


Бразил објави дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската влада ги објави плановите за инкорпорирање на територијата контролирана од Гвајана на својата територија. Регионот Есекибо богат со нафта е спорен уште од 19 век, кога Гвајана беше британска колонија.

Венецуела ги обнови своите претензии на територијата откако пред неколку години беа откриени морските резерви на нафта и гас. Тензиите се зголемуваат по неделниот референдум во Венецуела. Се вели дека повеќе од 95 отсто од гласачите го поддржале тврдењето на владата за Есекибо, јавува Би-би-си.

Исчезна армиски хеликоптер над Гвајана
Венецуелскиот лидер Николас Мадуро оттогаш побара од државната нафтена компанија да издаде дозволи за експлоатација таму и предложи Националното собрание да донесе закон со кој областа ќе биде дел од Венецуела. Со ваквите потези тој предизвика загриженост во целиот регион.

Додека Гвајана има свои војници на подготвеност, бразилската војска соопшти дека преместува повеќе војници во пограничниот град Боа Виста, главниот град на државата Рораима, како и дека носи дополнителни воени возила. Сепак, секој воен упад од страна на Венецуела ќе биде логистички предизвик бидејќи венецуелските војници ќе мора да поминат низ бразилска територија поради тешкиот терен на друго место.

Според новинската агенција АФП, бразилската војска соопшти дека го зајакнува своето присуство во регионот како дел од напорите „да се гарантира неповредливоста на територијата“. Инаку, хеликоптер на војската на Гвајан со седум лица е пријавен за исчезнат во близина на границата со Венецуела. Сепак, началникот на Генералштабот на Гвајан, Омар Кан, рече дека „нема информации што укажуваат на тоа дека Венецуела е вмешана“.