Бразил ангажира 44.000 војници за гаснење на пожарите во Амазонија


Бразил објави дека ќе ангажира воени авиони и 44.000 војници за да се справат со пожарите во Амазонската прашума.

Министрите за одбрана и за животна средина ги утврдија плановите денеска за борба со огромните пожари по острата реакција од меѓународната заедница и протести против бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Бразилскиот претседател одобри војската да се вклучи во борбата против пожарите, нагласувајќи дека е посветен на зачувување на регионот Амазон.