Брајан Меј од „Квин“ доби титула витез
Брајан Меј, гитаристот од рок составот „Квин“, се најде на листата од околу 1.000 луѓе, на кои крајот Чарлс традиционално им додели новогодишно кралска чест и одикувања. Прогласен е за витез, а отсега ќе биде познат како сер Брајан Меј,
Гитаристот, препознатилив по својата долга виткана коса, познат е и по пеењето на химната „Боже, спаси ја кралицата“ на покривот на Бакингамската плата по повод 50 годишнината од владеењето на кралицата Елизабета во 2002 година, а свиреше и оваа година во мај, по повод 70 години од нејзиното владеење.
Основачот на легендарните „Квин“ одликуван е поради својот придонес за музиката и хуманитарната работа.
„Можеби сега ќе ме слушаат повеќе“
Овој 75-годишен музичар, по образование е астрофизичар кој е ангажиран во борбата за добробит на животните, потврди за АП дека ја добил титулатавитез, со што се обврзува да прави она што се очекува од титулата: „Да се бори за правда, за луѓето кои немаат глас“.
„Можеби сега повеќе луѓе ќе слушаат што имам да кажам, отколку порано, кога ќе кажам сер Брајан Меј на телефон“, вели славниот гитарист.
Оваа година на кралската почесна листа се најдоа 1.107 луѓе, меѓу кои 548 жени. Кралските одликувања се доделуваат два пати годишно, за Нова година и по повод официјалниот роденден на монархот кој секогаш се слави во мај, независно од вистинскиот датум. Кралот Чарлс е роден на 14 ноември 1948 година.