Борисов тврди дека в недела ќе има гласови во „шише„
Румен Радев ја демонтира демократијата, бидејќи е апсолутно свесен дека не може да победи на изборите на друг начин, тврдат од овчерашната владеечка партија на Бугарија, ГЕРБ, во пресрет на изборите што ќе се одржат овој викенд, а каде тие заостануваат зад партијата Има таков народ во повеќето анкети.
-Постојат стотици сигнали за полициско самоволие, координирано директно од Бојко Рашков, порачаа од ГЕРБ, неколку часа откако привремениот министер за внатрешни работи објави дека Цвета Карајанчева, претседател на бугарскиот Парламент во времето на ГЕРБ, вршела притисок врз првиот човек на одделот за внатрешни работи во Карџали.Според ГЕРБ, Рашков ја обвинил Карајанчева без докази.
-Ова е отпаден материјал. Тој се однесува како вистински комунист, порачаа од ГЕРБ со предупредување дека политичката криза во која се наоѓа Бугарија ќе прерасне во институционална.Од своја страна, Даниел Митов истакна дека секој што не знае како изгледал 9 септември 1944 година, сега може да види.
Со изјава се приклучи и лидерот на партијата Бојко Борисов, кој во неколку наврати ја забележа силната евроатлантска поддршка што ја има ГЕРБ.
-Ако има терор, ако има репресија и ако тоа е само против една партија и децата го виделе тоа, рече Борисов и продолжи: Се свртувам кон другите политички партии – по нас тие ќе дојдат по вас, иако сте деца на комунисти. Ги прашувам медиумите дали забележале вакво силно мешање на друга влада друг пат, рече Борисов.
Борисов беше категоричен дека ГЕРБ не дала ниту денар за тргување со гласови.Според него, ова не е демократија и во недела ќе се види хаосот во изборниот процес.
-Тие ги донесоа и машините и шишињата на Мадуро, предупреди Бојко Борисов.