Борисов драматизира: Изборите се хаос, ЦИК спие


Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ги нарече хаос изборите во Бугарија. 

-И ова го доживеа да види Европа, избори како во Венецуела – тотален хаос во земјата и во странство, кражба на векот. Влегуваат специјалци, ги допираат машините, ни јавуваат од Бурса, од Едрене – хорор. Хаосот што го создадоа е видлив, а ЦИК (Централната изборна комисија)  спие. Луѓето започнаа да гласаат во 7 часот, а првиот состанок ЦИК го имаа во 9 часот, тврди Борисов.

Според него на изборните места се регистрирани расипани машини, нема принтери, во некои нема хартија, тотален хаос.

-Зошто им се воопшто изборите кога и сега ја имаат целата власт. Чекам да излезат изборните резултати, да видиме што направија, тврди Борисов, кој според оценките во бугарските медиуми создава терен за непризнавање на резултатоте ако изгуби.

-Благодарен сум му на Господа што не оставија живи, како не затворија, не нè убија. На оваа жештина луѓето стојат во редици, километарски, има прекин на струја, запрени гласачки маѓини, луѓето стојат со часови, а да не зборуваме за селата, коментира Борисов. 

Во левиот табор пак излегоа со сосема друга реторика повикувајќи ги грашаните да излезат, да не се плашат и да донесат промена.

-Гласав за враќање на државноста, гласав за држава со правила и закони, изјави потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова откако го искористи своето право на глас на парламентарните избори.

„Се надевам на големата енергија за промена што ја гледам во последно време. Луѓето видоа јасна алтернатива, видоа дека може да се управува на различни начини, професионално, со експертиза, со амбиција и со визија за развој на Бугарија“, нагласи Јотова.

Таа ги повика Бугарите масовно да гласаат.

„Само масовно гласање ќе покаже дека го надминавме стравот дека заплашувањето со машинското гласање, со манипулација не може да не натера да останеме дома, туку ќе излеземе и ќе го дадеме својот глас за нашата иднина. Да бидеме одговорни пред себе и пред своите деца и да го направиме нашиот избор“, рече таа.

Таа истакна дека обидите за манипулација никогаш нема да престанат бидејќи има партии кои победуваат на избори со години.

„Убедена сум дека машинското гласање драстично ќе ги намали фалсификатите. Гласањето со машини е лесно и многу брзо”, додаде Илијана Јотова