Борис Џонсон го доби осмото дете


Борис и Кери Џонсон

 

Борис и Кери Џонсон го објавија раѓањето на синот, нивното трето заедничко дете и прво откако тој се повлече од премиерската функција на Велика Британија.

Френк Алфред Одисеј Џонсон е роден на 5 јули, според објавата на Кери Џонсон на социјалните мрежи.

Новото бебе доаѓа по синот Вилфред и ќерката Роми, кои се родени за време на мандатот на Џонсон, пишува Би-Би-Си.

Првото дете на Џонсонови, Вилфред, е родено на 29 април 2020 година, во првите месеци од кризата со Ковид-19, а нивната ќерка Роми се роди на 9 декември 2021 година.

Поранешниот премиер има четири возрасни деца со втората сопруга Марина Вилер и уште една ќерка од афера.

Тој немаше деца со неговата прва сопруга Алегра Мостин-Овен.