Блинкен му изрази сочувство на Абас за загинатите во болницата во Газа
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оствари телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас за да му изрази сочувство за загинатите во експлозијата во болница во Газа и да изрази поддршка за „легитимните аспирации“ на Палестинците, соопшти денеска Стејт департментот.
Блинкен, кој е на регионална кризна турнеја, разговараше телефонски со Абас доцна синоќа по нападот врз болницата Ахли Арап, неколку часа откако лично се сретна со него во Аман.
Блинкен го повика Абас „да му изрази длабоко сочувство за цивилните животи изгубени во експлозијата во болницата“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
-Блинкен „изрази континуирана американска поддршка за палестинскиот народ, нагласувајќи дека терористите на Хамас не ги претставуваат Палестинците или нивните легитимни аспирации за самоопределување и еднакви мерки на достоинство, слобода, безбедност и правда“, рече Милер.
Здравствените власти во Газа, под контрола на Хамас, соопштија дека експлозијата убила меѓу 200 и 300 луѓе и била предизвикана од последниот во бранот израелски воздушни напади.
Експлозијата во болницата Ал Ахли остави страшни сцени. На видеото за кое Асошиејтед прес потврди дека е од болницата се гледа како пожар ја зафатил зградата и теренот на болницата расфрлан со искинати тела, од кои многу мали деца. На тревата околу нив имаше расфрлани ќебиња, училишни ранци и други работи.
Крвопролевањето се одвиваше додека САД се обидоа да го убедат Израел да дозволи испорака на материјали за очајните цивили, хуманитарните групи и болниците во малиот Појас Газа, кој е под целосна опсада од Хамас во јужен Израел минатата недела. Стотици илјади сè поочајни Палестинци луѓе бараа леб и вода.

Болницата што е нападната се наоѓа во зоната на југот која беше препорачана од израелските власти кога ги повикаа Палестинците да се евакуираат од северниот дел на Газа за да извршат копнена офанзива. Место таму да бомбардираат, израелските власти ја нападнаа болницата како „легитимна цел“ тврдејќи дека таму се криеле борци на Хамас. Подоцна се повлекоа па тврдеа дека болницата настрадала од неуспешно лансирана ракета на исламски Џихад.
По нападот aнтиизраелските протести се разгореа низ Блискиот Исток и Северна Африка , а лидерите на арапските земји го осудија Израел. Исламски џихад ги опиша израелските обвинувања како „лажни и неосновани“ и тврди дека не користи јавни објекти како што се болниците за воени цели. Во меѓувреме, илјадници демонстранти кои извикуваа антиизраелски слогани се собраа во Либан, Ирак, Јордан, Кувајт, Египет и Тунис. Протести го потресоа и окупираниот град Рамала на Западниот Брег. Јорданските безбедносни сили употребија и солзавец за да ги растераат демонстрантите, според двајца активисти и видеа објавени на социјалните мрежи.
Во Либан, стотици демонстранти се собраа на плоштадот што води до американската амбасада северно од Бејрут во вторникот и се обидоа да ги пробијат безбедносните бариери.Хаотичните сцени се смириле до раните утрински часови во средата. Претходно, американскиот Стејт департмент издаде предупредување во вторникот барајќи од американските граѓани да не патуваат во Либан.Демонстрантите, исто така, извикуваа антиизраелски слогани во Багдад, Ирак. Безбедносните претставници во Багдад изјавија за Си-Ен-Ен дека десетици демонстранти се обиделе да го преминат мостот што води до Зелената зона – област во која се сместени канцелариите на ирачката влада и неколку амбасади, вклучително и американската амбасада – но безбедносните сили ги спречиле да го сторат тоа.Во Иран, собири се одржаа и пред француската и британската амбасада во Техеран, главниот град на земјата. Демонстрантите извикуваа „смрт за Франција, Англија, Америка и ционистите“. Во Тунис, објави државната новинска агенција ТАП „во вторникот вечерта се одржаа масовни протести“ во неколку области „во знак на солидарност со палестинскиот народ“ и против израелското бомбардирање на Газа.
NOW Turkey: Israeli consulate in Istanbul is being stormed and fireworks are being shot at the building. pic.twitter.com/H8XdXTCYwm
— Diliman Abdulkader (@D_abdulkader) October 17, 2023
Во Истанбул турските безбедносни сили употребија водени топови и бибер спреј за да ги растераат демонстрантите кои успеаја насилно да влезат во комплексот каде што се наоѓа израелскиот конзулат. Турскиот претседател Таип Ердоган го повика „целото човештво да преземе акција за да се запре оваа невидена бруталност во Газа“, во објава на Х, додавајќи дека нападот врз болницата е „последниот пример за нападите на Израел лишен од најосновните човечки вредности“.
Експлозијата резултираше со тоа што Јордан го откажа планираниот самит во средата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Јордан, Египет и Палестинската управа, владино тело со ограничена самоуправа на Западниот Брег. Јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман Сафади, објави на X: „Колку невини Палестинци мора да умрат пред Израел да ја прекине својата војна против Газа?“
Сафади повика на мир и рече дека меѓународното право „не може да биде селективно“ и дека „светот мора да зборува јасно, да дејствува веднаш против оваа војна“.
И покрај тоа што Израелската војска соопшти дека не гаѓа болници, ОН и Лекари без граници велат дека израелските воздушни напади ги погодиле медицинските установи, вклучувајќи болници и амбулантни возила. Израел вели дека има цврсти докази дека не стои зад воздушниот напад врз болница во градот Газа и дека тоа е погрешно испукана ракета истрелана од милитантната група Палестински исламски џихад (ПИЈ).
Доказите од болницата Ахли, според нив, укажуваат на огнена топка предизвикана од експлодираното гориво на ракетата, а не од ударот на израелска ракета. Од суштинско значење според нив е тоа што нема докази за кратер – или вид на масовно структурно оштетување предизвикано од израелска бомба. На улиците на Газа, Западниот Брег и поширокиот регион, тврдењата на Израел најверојатно ќе бидат игнорирани или отфрлени. Во време кога Израел немилосрдно го бомбардира појасот Газа, неизбежно е повеќето Арапи да заклучат дека Израел е одговорен за нападот на болницата, оцени ББЦ.


