Благодарна сум на се во животот- Калиопи го прослави роденденот со летна фотографија
Поп-ѕвездата Калиопи наполни 56 години . По тој повод таа објави фотографија по костим за капење, и на социјалните мрежи напиша интересен опис кој доста открива:
„Дојде и овој ден!
Дали сум на море? Не!
Дали би сакала да бидам? Да!
Дали им се радувам на годиниве? Да!
Дали би сакала да бидат помалку? Не!
Дали сум задоволна со мојот живот? Да!
Дали би сменила нешто? Не!
Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања , мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.
Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна!
Ве сака Опи!“
Букле на 27 ноември одржа спектакуларен концерт на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, а на нивна покана, како и на нејзиниот поранешен сопруг актерот Васил Зафирчев, кој е и уметнички директор на велешкиот театар.
Претходниот концерт во државава Калиопи го одржа пред седум години во Битола.
Калиопи настапи со песни од сите свои албуми „На пат за Македонија”, „Обои ме”,„Црно и бело”,„Не плачи” , „Најмила” „Дали ме сакаш”. Таа концертот го заврши со една од најпознатите свои песни „ Бато”.
– Овој концерт ме разбуди од мојата заспаност дома, бидејќи дома секогаш за мене е место каде што ќе одморам после големите концерти и патешествија, надвор од Македонија. Едноставно кога ќе се вратев дома едноставно тоа ми беше лулка за одмор, истакна Калиопи.
Калиопи работи на нови песни со Ромео Грил, а кои публиката наскоро ќе има можност и да ги слушне.