Бизарно: Најсовремената противпожарна станица во Германија изгоре до темел


Најсовремена противпожарна станица во западна Германија, која беше завршена минатата година и чинеше десетици милиони евра, изгоре до темел бидејќи не беше опремена со противпожарен аларм.

Ниту една година не помина откако германскиот град Статалендорф се пофали со новата зграда на противпожарната станица кога службите за итни случаи беа повикани на голем пожар.

Пожарот избувнал во возилото и брзо се проширил на целата зграда. Во гаснењето на пожарот учествувале околу 170 пожарникари, нема повредени, но покрај зградата се уништени и десет противпожарни возила. Во противпожарната станица немало противпожарен аларм бидејќи тоа не било едно од законските барања при изградбата, пишува Гардијан.

Пожарникарите биле преплавени од емоции кога сфатиле дека нивната станица изгорела до темел. „За нас е ноќна мора, никој не сака да ја изгаси својата противпожарна станица“, изјави противпожарниот инспектор Ларс Шефер.

Тој објасни дека зградата ѝ припаѓа на локалната општина и е класифициран како објект за опрема наместо противпожарна станица, така што законските барања биле исто така различни. Претседателот на Државното здружение на пожарникари во Хесен, Норберт Фишер повика на итна ревизија на законот.

Причината за пожарот сѐ уште не е официјално утврдена, но првичните информации укажуваат на прегревање на полначот за батерии. Шефер рече дека зградата мора да се реконструира што е можно побрзо од безбедносни причини. Дали новата зграда ќе биде опремена со противпожарен систем ќе биде предмет на дискусија, велат надлежните.