Битиќи објави дека нема да се кандидира за лидер на СДСМ


Секое поскапување на нафтените деривати за државата станува и фискална утеха, вели Фатмир Битиќи (Фото: Б. Грданоски)

Фатмир Битиќи на фејсбук објави дека нема да поднесе кандидатура за претседател на СДСМ со цел да се спречи фрагментација и поларизација помеѓу членството.

„Во овој изборен период нема да се кандидирам за претседател на СДСМ, а тоа го правам за да ја спречам понатамошната фрагментација и поларизација меѓу нашето членство. Но мојата политичка мисија се протега надвор од партиските функции и поделбите, таа ја нагласува соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање, што единствено може да се постигне ПОИНАКУ, со враќање на социјалдемократските вредности. Тоа е сосема ПОИНАКУ од досегашните политички навики на однесување кон државата, па и кон партијата. Очекувам и верувам дека идеологијата и вредностите ќе ја направат разликата и промената првин во СДСМ, а потоа и во државата“, напиша Битиќи.

Рокот за поднесување на кандидатури за партиски лидер во СДСМ истекува денеска. Досега четворица официјално поднесоа кандидатура за претседател на СДСМ – Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски,ктуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада .Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае заклучно со денеска. Внатрепартиските избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни оваа година.