Били Холидеј ѝ донесе Златен глобус: Прва номинација и прва победа на Андра Деј
САД- Прва номинација, прва победа. Андра Деј (36) испиша историја на Златниот глобус, како втора црномуреста актерка што ја освоила наградата за најдобра женска улога во драма, по Вупи Голдберг пред 35 години за „Пурпурна боја“. Животот и кариерата ѝ се сменија по блрилјантното портретирање на пејачката Били Холидеј во филмот „САД против Били Холидеј“ (The United States vs. Billie Holliday).

Во расплаканиот говор , опкружена со нејзиното семејство и пријатели, Деј се заблагодари на „неверојатната, трансформативна, динамична Били Холидеј, која „ме трансформираше со оваа улога и со своето присуство и со нејзиниот дух“.
Деј, која ја започна својата кариера како номинирана за Греми, како текстописец, исто така беше номинирана со Рафаел Саадик за најдобра оригинална песна (“Tigress & Tweed” ).

„САД против Били Холидеј“, во режија на Ли Даниелс, и по сценарио на Сузан-Лори Паркс , ги драматизира последните години од животот на Холидеј, реномираната џез-пејачка која се соочи со немилосрден прогон од американската влада во врска со нејзината изведба на песната „Чудно овошје“, за ужасите на линчувањето.
Улогата на Холидеј има долга историја на Глобусите. Дијана Рос беше номинирана за нејзиниот настап како пејачка во 1972 година „ Дамата пее блуз“; како и на Деј, тоа беше и дебито на филм на Рос.

Ден го освои Златниот глобус во силна конкуренција. Покрај неа, беа номинирани и Виола Дејвис, Ванеса Кирби, Френсис Мекдорманд (беше фаворит) и Кери Малиган .(Варајати)