Били Ајлиш ја промовира новата чанта на Гучи од растително потекло


Гучи штотуку објави нова, иновативна форма на својата чанта од култниот модел Horsebit 1955 – промовирана на почетокот од оваа година преку кампања во која главните улоги ги толкуваат Хани од NewJeans, Џулија Гарнер и Хали Бејли. Новата и подобрена линија е создадена во соработка со поп-ѕвездата Били Ајлиш и е направена од нов материјал кој нема животинско потекло,  наречен Деметра.

Производ на двегодишно истражување и развој од занаетчиите и техничарите на Гучи, новата ткаенина е произведена во Италија во фабрика на Гучи, направена од 75% извори на суровини од растително потекло. Новиот модел Horsebit 1955 е првата од чантите на Гучи изработени од Деметра, што веројатно ќе сигнализира понатамошна трансформација кон поодржливи материјали.

За да ја прослават соработката, Гучи и Били Ајлиш создадоа нова кампања која се фокусира на тонот на гласот на Били, што резултираше со филмски видеа кои ја содржат потресната песна на Ајлиш, „What Was I Made For?“. Заедно со кампањата, луксузниот бренд донираше на меѓусекторската непрофитна организација, Support+Feed, посветена на борбата против климатската криза и несигурноста на храната преку системи за храна базирана на растително потекло.