Билборд: Тејлор Свифт е најплатена ѕвезда во 2020 без приходи од концерт


САД- Поп-ѕвездата Тејлор Свифте е најплатен музичар за 2020 година, според  Билборд.Поради пандемијата, повеќето уметници се потпираа на приходите од стриминг, отколку од турне.

YoungBoy Never Broke Again, The Beatles и Lil Baby дебитираа на списокот на Билборд.

Свифт влезе во историјата на Билборд заработувајќи го местото # 1 на ранг-листата на најдобро платени музичари без приходи од концерт со заработени 23, 8 милиони долари. Заработката од албумите на  „Фолклор“ и „Еверомор“ во 2020 година изнесува 20,6 милиони долари од продажба и авторски права од стриминг, туркајќи ја на врвот на листата.

Следат Пост Малоун со заработка од 23, 2 милиони долари, Селин Дион со 17, 5 милиони долари, Eagles со 16, 3 милиони долари, Били Ајлиш со 14, 7 милиони долари, Дрејк со 14, 2 милиони долари, Queen со 13.2 милиони долари, The Beatles со 12.9 милиони долари, YoungBoy Never Broke Again со 11.9 милиони долари и Lil Baby со 11.7 милиони долари.