Бил Гејтс: Се вакцинирав


Сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, објави дека ја примил првата доза на вакцина против коронавирус.

„Првата доза ја примив неделава и се чувствувам одлично. Благодарам на сите научници, учесници во студијата, регулатори и здравствени работници кои не доведоа до оваа точка“, напиша Гејтс на Твитер.

Покрај тоа што е ко-сопственик на „Мајкрософт“ и цел на многу теории на заговор во врска со пандемијата на корона вирусот, Гејтс е познат и како голем донатор кој инвестирал стотици милиони долари во развој на вакцини. Во декември, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони американски долари за поевтина и попристапна вакцина за ковид-19.

Најголема донација до денес доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари.

Пред два месеци, во својот подкаст, тој ја објави можноста за избувнување на следната пандемија, што секако им даде дополнителен ветер во грбот на многу теоретичари на заговор кои на Гејтс гледаат како на еден од главните виновници за кризата со короната.