Бијонсе и Џеј-Зи се нови амбасадори на „Тифани“

САД– Соработката со две од најголемите суперrѕвезди во Америка доаѓа кога Тифани се обидува да го освежи брендот, по нејзиното купување од страна на LVMHна Бернар Арно.
Харперс Базар првпат ја објави веста во септемвриското издание, во кое главната улога ја имаше Бијонсе. Во едиторијалот проследен со големо интевју со Бијонсе, импресивната гардероба на фотосесијата е стилизирана со накит од Тифани.
Откако LVMH ја презеде легендарната златарница, „Тифани“која слави 184 години постоење и совршенство на накит, претрпе извршна реконструкција и започна да експериментира со својот маркетинг пристап, и нов имиџ. Неодамна, нејзината кампања „Не Ттифани на мајка ти“ создаде возбуда меѓу клиентите и маркетинг инсајдерите.
Двојката ќе се приклучи на растечката листа на амбасадори на брендот која ги вклучува Трејси Елис-Рос, Ања Тејлор-Џој, Ајлин Гу и Роуз.