Бијонсе го сруши рекордот со 28 освоени Греми


САД- Со 28 победи, Бијонсе (39) сега е најнаградувана ѕвезда во историјата на Греми, музичкиот Оскар.

Со девет номинации на 63-та церемонија, синоќа во Центарот за конвенции во Лос Анџелес, Калифорнија, која го слави најдоброто од музичката индустрија, Бијонсе го продолжи своето владеење како најноминирана пејачка на сите времиња.

И покрај тоа што не издаде нов албум во текот на изминатата година, Бијонсе доминираше во различни категории благодарение на нејзиниот сингл „Black parade“. Таа ги освои наградите за најдобра ар-ен-би изведба за 2020 г. , рап-изведба, за дуетот „Savage“ со Меган ди Сталион, најдобра рап-песна и наjдобро музички видео и филм, за „Brown skin girl“.

Со освоените четири награди синоќа Бијонсе официјално го надмина рекордот на Алисон Краус за женски уметник со најмногу победи во историјата на Греми.

Бијонсе во Скјапарели

Прифаќајќи ја наградата лично на полувиртуелната церемонија, Бијонсе, во црна кожена тоалета на Скјапарели, одржа емотивен говор за наследството што се надева дека ќе го остави зад себе.

-Сакав да ги воздигнам, охрабрам и славам сите прекрасни црномурести кралици и кралеви кои продолжуваат да ме инспирираат и да го инспирираат целиот свет “, рече таа. „Ова е толку огромно. Работам целиот мој живот уште од 9 години. Не можам да верувам дека ова се случи. Ова е толку волшебна ноќ. Ви благодарам многу.”

Пред церемонијата, извршниот директор и претседател на Академијата за снимање Харви Мејсон помладиот посочи дека Бијонсе ја одбила поканата да се појави за време на преносот.

Извршниот продуцент Бен Винстон додаде дека нејзиното отсуство може да се почувствува „чудно“ за гледачите дома, со оглед на нејзината сеприсутност на церемонијата.

Но, односот помеѓу Бијонсе и Академијата за снимање е прилично сложен, бидејќи Греми ретко им доделуваа на црномурестите уметници почести во посакуваните главни музички категории . Во текот на нејзината повеќедецениска кариера, пејачката освои само една награда во топ-категориите , освојувајќи Греми за песна на годината пред 11 години за ко-текстописец на “Single Ladies (Put a Ring on It).”  Остатокот од нејзините повеќе од 20 победи се пред се во категориите рап и R&B.

Додека Бијонсе секогаш милостиво ги прифаќаше своите победи и порази со текот на годините, уметниците како Д Викенд, кој вети дека ќе ги бојкотира сите идни церемонии, како и Зејн Малик, Халси, Џастин Бибер и нејзиниот сопствен сопруг Џеј Зи, претходно ја критикуваа Греми за нивната нетранспарентност.

Откако нејзиниот универзално реномиран албум „Лимонада“ не успеа да освои ниту една од најпрестижните награди на Греми на церемонијата во 2017 година, Бијонсе рече дека бара „подлабоко значење“ отколку само признанија.

„Успехот сега ми изгледа поразлично. Научив дека целата болка и загуба е всушност подарок “, рече таа за Ел во 2019 година.После спонтаните абортуси,мојата вистинска победа е создавање уметност и наследство што ќе живее далеку од мене. Тоа е исполнето “, изјави Бијонсе. (според агенциите)