Бидете впечатливи за Нова година во италијански модни брендови

Прославете за новите почетоци со самоувереност и стил и дозволете ѝ на радоста на сезоната да блесне преку вашата облека


Во деновите исцртани со боите на празничната сезона, италијанските модни брендови Luisa Spagnoli и Max&Co. ќе имаат значајна улога во зимските прослави со својата безвременска елеганција и живописни стилови. Новите колекции кои минатата недела на празничен настан беа претставени во ексклузивните продавници во трговскиот центар Рамстор Мол, се истовремено игриви и елегантни.

Двата бренда, со своите богати истории и уникатни стилови, за овој празничен период нудат совршена облека за жени со самодоверба и истенчен вкус за модни детали. Во пресрет на празничната сезона, трговскиот центар Рамстор Мол ја презентираше својата понуда, која ги обединува најпрестижните модни брендови во трите продавници – MAX&Co. , Luisa Spagnoli и 52 Concept Store.

Luisa Spagnoli: Наследство на елеганцијата

Брендот Luisa Spagnoli нуди богат избор на елегантна облека, од шик палта и стилски плетени парчиња до софистицирани фустани и додатоци.

Колекциите на овој бренд и вниманието што го посветува во изработката на комплексни детали, имаат цел секоја жена да се чувствува самоуверено и префинето, без оглед дали е на празнична прослава или обична зимска вечер.

Max&Co. : Живописни и разновидни

Брендот Max&Co. постојано бранува со својот храбар стилживописни колекции и дизајни кои секогаш ја потенцираат  индивидуалноста и самоувереноста.
Новата колекција на Max&Co. е колоритна и весела, нуди разновидна облека, вклучувајќи тренди топови, шик панталони и впечатливи јакни. Нивната празнична линија се одликува со смели бои и игриви шеми и дизајни, совршени за да ѝ додадат забава и шарм на секоја зимска вечер.

52 Concept Store е дестинација за вистинските љубители на луксузната мода, со внимателно одбрана мешавина на најфини материјали и најпрестижните светски брендови. Парчињата од Le Silla, Dolce & Gabbana, Isabel Marant, Zimmermann, Diego M, The Attico, Prada, Dsquared, Brunello Cucinelli, Aspesi и други познати имиња ќе ја надополнат секоја празнична пригода.