Би оделе ли на море во Тузла?
Тузла е континентален град на североистокот на Босна и Херцеговина и никој од нас не го доживува како туристичко место каде за време на летните одмори би оделе на летување. Но, овој град го нуди токму тоа.
Тузла ги има е единствените солени езера во Европа, изградени од 2003 до 2006 година за што Градот Тузла е добитник на наградата UNWTO ULYSSES, највисокото признание на Светската туристичка организација на Обединетите нации.
Комплексот на Панонските солени езера со единствените солени езера и единствена туристичка атракција во Европа.
Тузла е единствениот град во Европа кој има солени езера и единствениот град во светот чии солени езера, базен и плажа се наоѓаат во центарот на градот. Комплексот Панонски езера се состои од три езера со различна големина и длабочина (од 80 до 180 см)и Солените водопади. Како дел од комплексот Панонски езера се наоѓаат Археолошкиот парк на неолитско-сојеничката населба и геолошкиот изложбен музеј „Паноница“, детски забавен парк, спортски терени и многу други угостителски, културни и забавни објекти. Досега во комплексот „Паноник“ уживале милиони посетители.
Природно богатство
Кога, пред неколку милиони години, Панонското Море се повлекло од голем дел од европската почва, во Тузла остави милиони тони камена сол и наслаги од солена вода. Благодарение на ова природно богатство, а со поддршка на локални експерти, солената вода беше извлечена на површината и претворена во Панонски езера. Станува збор за езера со солена вода богата со минерали, која се испумпува од под земја со солени бунари. Покрај задоволството од капењето во вода, оваа вода има и лековити својства, особено во лекувањето на стерилитет, ревматски и респираторни заболувања. Водата во езерата континуирано циркулира и се прочистува со песочни филтри.
Туристичката понуда на комплексот Панонски езера е збогатена со Солени водопади и фитнес центар и теретана на отворено со триесет професионални реквизити за рекреација. „Паноника“ има и детски забавен парк со декорација од светска класа и дизајн на забавна опрема.
Солени водопади
Солените водопади се единствени за оваа област, здравствен центар за инхалација на отворено. Станува збор за инсталација со пет каскади и два базени, каде што вдишувањето на пареите на солената вода е многу корисно за релаксација од стрес, болести на дишните органи, главоболки и општо подобрување на здравјето, а нуди и масажа со вода што паѓа од водопадите.
Водни тобогани
Најголемата атракција на комплексот и третото Панонско езеро се два тобогани.Синиот спирален тобоган и црвен прав брановиден тобоган. Синиот тобоган се наоѓа на долното ниво на езерото, а црвениот тобоган се наоѓа на горното ниво на третото езеро.
Соларно дрво
Соларното дрво на сите посетители им нуди можност бесплатно да ги полнат мобилните телефони, таблетите и сите други електронски уреди.
Секако, не е заборавен ни најпознатиот производ кој доаѓа од ова местоо, па на почесно место во комплексот се наоѓа и споменик на тузланската сол, онаа со која сите ние, од земјите на поранешна Југославија, ги посолуваме јадењата.
Влез во комплексот се нуди по цена од 6-8 конвертибилни марки (3-4 евра) за дневен билет, а има и неделен, месечен и сезонски. Летната сезонатрае од 1 јуни до 31 август.