Безос и Бренсон, сепак, не се астронаути


 

Соништата на милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос да станат астронаути, сепак, не се остварија, затоа што НАСА ја прошири дефиницијата за тој поим.

Астронаутите мора да бидат дел од посада и да направат научен и придонес во поглед на безбедноста на вселенските летови, се наведува меѓу другото, во новите правина на американската Федерална администрација за авијација (ФАА).

Ова се први промени кои се воведени во дефиницијата на поимот астронаут, откако ФАА ја воведе во 2004 година.

Поради новите правика Безос и Бренсон не може да се наречат астронаути иако го исполнија условот да одлетаат на височина од 80 км.

Воведен е поим на комерцијален астронаут, кој подразбира исполнување само на висинскиот услов, што двата милијардери го постигнаа.

Измените се донесени во вторникот – истиот ден кога Безос одлета до работ на вселената на ракетата „Блу ориџин“. Девет дена пред него и Ричард Бренсон го изведе истиот подвиг во ракетниот авион „јунити“, на неговата компанија „Воргин галактик“.

Како комерцијални астронаути, Безос и Бренсон не можат да добијат официјални ордени од ФАА: Ознаките на астронаути кои им беа закачени на скафандерите по летовите, ги направија нивните компании и не се официјални ордени.