Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради дефект на затварач од ф 200мм на бул. „Јане Сандански“ бр. 107 без вода ќе останат дел од корисниците од булеварот од број 53 до број 109.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11.15 до завршување на интервенцијата.