Бесплатен влез во музеите во Охрид секој први во месецот
Влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј.
Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони.
– Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од први ноември годинава заклучно со први април 2023 година.
Бесплатен влез секој прв ден од месецот во музеите и локалитетите кои се под надлежност на НУ Завод и Музеј – Охрид се реалиизраше и лани.