Бесплатен јавен Wi-Fi во Општина Демир Хисар
Граѓаните и посетителите на Општина Демир Хисар може непречено да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi во општинската зграда и градскиот плоштад во Демир Хисар.
Од секторот за односи со јавност информираат дека WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.
-Нашата општина е една од 500 во регионот so WiFi4WB мрежа, по примерот на ЕУ програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската унија. Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска, соопштија од Општина Демир Хисар и нагласија дека со овој проект продолжуваат да ги унапредуваат јавните услуги и дигиталната позврзаност на локалната заедница.