Бербок до Лавров: Можете да се мамите самите себеси, но не и нас

Руската војна е војна со агресија и таа се заснова на лаги, рече германската министерка за надворешни работи од говорницата во ОН


 

Германскиот министер за надворешни работи ги повика во вторник земјите-членки на ОН да гласаат за резолуција со која остро се осудува руската инвазија на Украина.

Говорејќи на вонредниот состанок на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок рече дека глобалната заедница треба да направи избор помеѓу „мир и агресија, помеѓу правдата и волјата на најсилните, помеѓу дејствувањето и гледањето на другата страна“.

Бербок рече дека рускиот напад врз Украина означил пресвртница. „Затоа оваа војна не е само за Украина, не само за Европа, туку за сите нас. Војната во Русија означува почеток на нова ера. Тоа е пресвртница“, рече Баербок.

„Се соочуваме со избор. Светот гледа во Обединетите нации и ќе се сети на која страна бевме денес. Наша одговорност е да ги браниме вредностите и принципите од кои сите зависиме – да ги браниме мирот и правдата. Сега е моментот да станете и да бидете избројани“, рече Бербок.

Највисокиот германски дипломат рече: „Руската војна е војна со агресија и таа се заснова на лаги. Вие велите дека дејствувате во самоодбрана, но целиот свет гледаше како ги собирате своите трупи со месеци во подготовката за овој напад“.

Тврдењата на Русија дека била во мировна мисија беа категорично отфрлени од министерката  за надворешни работи.

„Велите дека Русија испраќа мировници, но вашите тенкови не носат вода, вашите тенкови не носат храна за бебиња, вашите тенкови не носат мир. Вашите тенкови носат смрт и уништување“.

Бербок ја обвини Русија дека ја злоупотребува својата моќ како постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

И Бербок имаше остра порака за нејзиниот руски колега Сергеј Лавров: „Господине Лавров, можете да се мамите самите себеси, но нема да не измамите нас, нема да го измамите нашиот народ, нема да го измамите вашиот народ“, изјави министерката.

Бербок рече дека има огромна привилегија да расте во мир и безбедност и се осврна на основањето на Обединетите нации по Втората светска војна, за која рече дека е „немилосрдна војна започната од нацистичка Германија“.

Обраќајќи се на наводите дека Африканците биле дискриминирани додека се обидувале да ја преминат границата, Баербок рече дека „секој бегалец мора да добие заштита, без разлика од која е националност“.