Бенифер „меркаат“ дом од 85 милиони долари: 12 спални, 24 бањи и гаража за 80 коли

САД– По раскошното роденденско патување низ Европа и Италија, актерот Бен Афлек и актерката и пејачка Џенифер Лопез сега се во лов на нов дом во Лос Анџелес, по можност палата.
Двојката која повторно се вљуби по раскинувањето на свршувачката во 2004 година вчера бил забележан забележан како разгледува раскошна вила со површина од 38.000 квадратни метри во Беверли Хилс, која во моментов му припаѓа на милијардерот Рон Беркл, кој го купи „Неверленд“ на Мајкл Џексон за бадијала. Според DailyMail, широкиот комплекс има 12 спални соби и 24 бањи, и доаѓа со посебна стражарска куќа со две спални соби и пентхаус за гости.Неговиот паркинг може да собере до 80 автомобили.
Имотот вклучува и базен, терен за голф и спортски комплекс во затворен простор со боксерски ринг и кошаркарски терен. Цената на топ вилата? 85 милиони долари.
Извор за ТМЗ вели дека „ова изгледа како да е куќа „не е само за Џенифер Лопез, туку и за нив“.
Времето ќе покаже дали тие двајца ќе се вселат заедно. (Ин стајл)