Беља: Битката продолжува, утре ќе поднесам четири кривични пријави
Разрешениот економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ваљон Беља објави дека ќе предаде четири кривични пријави за злоупотреба на службената должност од страна на директорката Викторија Јовановска на Универзитетската клиника.
“Битката продолжува. Утре во Основното обвинителство (12:00) ќе поднесеме четри кривични пријави за злоупотреба на службената должност на директорката В.Ј. на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Сè уште не сте виделе ништо “, напиша тој на својот Фејсбук.