„Белите дробови на светот“ повеќе не дишат


 

Амазонската прашума, „белите дробови на светот“, сега емитува повеќе јаглерод диоксид отколку што може да апсорбира, по прв пат официјално објавија научниците.

Според најновата студија, емисиите на јаглерод диоксид изнесуваат милијарда тони годишно. Повеќето од тие емисии се предизвикани се од пожарите, кои главно ги предизвикале луѓето, сечејќи ка шумата за да створат пасишта. Но, истражувањето сега покажува дека и без директни интервенции на луѓето, поради изразено високите температури и зачестени суши, емитувањето на јаглерод диоксид и понатаму расте.

Ова откритие посебно загрижува затоа што се смета дека Амазонската прашума е задолжена за половина од целокупната апсорпција на јаглеродот на Земјата, и дека ја успорува стапката на загреање. Сега пак, научниците предупредуваат дека Амазонската прашума полека се претвора во извор на јаглерод диоксид, пренесе Јутарњи лист.

За ова истражување користени се мали авиони кои во текот на последната деценија ги мереле количините CO2 до 4.500 метри над шумата. Претходните студии кои укажуваа на тоа дека Амазонската прашума станува извор на CO2, се темелеа на сателитски снимки, но така собраните податоци имаат фалинки, најмногу заради пречките кои ги предизвикуваат облаците и високите растенија во шумата.