Белгија ќе купи американски ракети за 280 милиони евра


САД одобрија на Белгија да и се продадат ракети „АИМ-9Х „Сајдвандер“ (AIM-9X Sidewinder) за 280 милиони евра. Белгија ќе добие стотици ракети воздух-воздух и придружни уреди за водење на новата флота борбени авиони Ф-35. 

– Со ова продажба ќе се подобри способноста на Белгија да се справи со сегашните и идните закани и да ја поддржи одбранбената мисија на НАТО, соопшти Пентагон.

Според Пентагон, договорот служи и за пошироки стратешки интереси.

– Предложената продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД преку зајакнување на безбедноста на сојузник во НАТО, кој е двигател на политичката стабилност и економскиот напредок во Европа, се наведува во соопштението од Пентагон.