Бела куќа: Арапскиот план за Газа не е во согласност со реалноста


 Белата куќа соопшти дека планот за обнова на Појасот Газа, усвоен вчера од арапските држави на самитот во Каиро, не одговара на актуелната состојба, според која „Газа во моментов не е погодна за живеење“.

Сличен став изрази и Израел, чиј министер за надворешни работи синоќа оцени дека резолуцијата на Арапската лига „не успева да одговори“ на реалноста по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Белата куќа нагласи дека претседателот Доналд Трамп останува при ставот дека идната реконструкција на Појасот Газа мора да биде „ослободена од Хамас“.