Бела Хадид шокира со анорексичниот изглед
Веќе неколкупати и се забалежуваше на манекенката Бела Хадид дека е премногу слаба.
Една од најпопуларните манекенки на денешницата Бела Хадид (22) поради својот преслаб изглед повторно е на мета на критиките.
На свечениот настан во организација на брендот „Булгари“, бела се појави во црвен коктел фустан во кој ја покажа својата никогаш послаба фигура.
Додека едни го фалеа нејзиниот изглед во ужасниот црвен фустан кој ја следи нејзината линија, другите се шокирани колку и да е слаба.
Бела, во декември, се шеташе по модната писта на Викотриините ангели па се претпоставува дека ослабела неколку килограми токму за тој настан и дека до сега, не успеала да ја врати килажата.