Бектеши: Ќе преговараме со сите соседи за заемно признавање на ПЦР тестовите и ковид пасошите


Министерот за економија Крешник Бектеши најави денес дека ќе се преговара со сите соседни држави за взаемно признавање на ПЦР тестовите, тестовите за антитела и ковид пасошите. Исто така, тоа ќе се прави и со другите европски земји со цел граѓаните да можат да патуваат.

„Ние ќе преговараме со сите соседи за заемно признавање на тестовите. Јас и претходно наведов дека од денот кога ќе почне имунизацијата на населението во нашата држава, ние во соработка со министерството за здравство, со министерството за надворешни работи, ќе бараме од нашите соседи, но не само соседите, туку и европските држави, да ги прифатат таканаречените ковид пасоши од нашата држава“, изјави Бектеши одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата на која што најави поволности за зголемување на енергетската ефикасност за домаќинствата.

Бектеши исто така објасни дека со вчерашната негова изјава дека не се преговара со Грција за влез на наши граѓани за претстојните годишни одмори, туку ќе се поттикнува домашниот туризам, не рекол дека нема да се прговаафра, туку тоа не се прави во моментот кога прашањето било поставено.

„Јас не реков дека нема да преговараме со Грција. Кога беше поставено прашањето реков дека во моментот ние како Министерство за економија не преговараме, но тоа не значи дека нема да преговараме во иднина“, рече Бектеши одговарајќи на прашањето зошто ги одложува преговорите со Грција кога веќе видовме дека вакцинацијата не е единствен предуслов за влез во Грција.

Како што известија вчера медиумите, граѓаните на Србија ќе може да влегуваат во Грција и со негативен ПЦР тест и со тест за антитела, како и со доказ за имунизација. За таа цел ќе биде отворен и граничниот премин Евзони на македонско – грчката граница.

„Како што е информирана јавноста денеска почнува и имунизацијата на населението во нашата држаава и од утре надлежните институции ќе стапат во контакт со нашите соседи се со цел да изнајдеме заедничко решение што се однесува до признавање на ПЦР тестовите, но истовремено и со другите тестови, како што се тестовите за антитела““, рече Бектеши.

Тој објасни дека што се однесува до неговите коментари за домашниот туризам, согласно стратегијата на Владата и стратегијата на Министерството за економија, обврска на министерот за економија е да го поттикнува домашниот туризам, да привлекува што повеќе странски туристи. Согласно тоа ќе се направат и програмите за поддршка на туризмот во нашата држава имајќи предвид дека овој сектор е еден од главните двигатели во економијата.

На забелешката дека сепак се доцни со таквите разговори, и дека и до сега можело да се преговара за влез во Грција со негативен ПЦР тест или со тест за антитела, Бектеши одговири дека наѓата држава во континуитет е во преговори со нашите соседи вклучително и со Грција.

„Но, ние како Министерство за економија директно не преговараме бидејќи не сме повикани да преговараме пред тоа да го направат Министерството за здравство и дополнително на тоа да достави до нас одредени протоколи и начинот како ќе се уредува и како ќе се издаваат ковид пасоши. Тоа не е обврска на Министерството за економија. Во моментот кога ќе ги имаме насоките од надлежните институции секако дека ќе преземеме соодветни чекори“, рече Бектеши. (М.Ј.)