Барак Обама ќе го слави 60.роденден со забава во омиленото летувалиште на кланот Кенеди


САД– Поранешниот претседател Барак Обама викендов ќе го прослави својот 60-ти роденден со забава во Мартас Винјард (омиленото летувалиште на богатите и на кланот Кенеди) , со многу протоколи за безбедност „Ковид-19“ во услови на зголемена загриженост за Делта сојот, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Џорџ Клуни, Стивен Спилберг и Опра Винфри се меѓу поканетите 475 гости.

Забавата во петок, што ќе се одржи надвор, ќе ги следи препораките на американските центри за контрола и превенција на болести, протоколи за јавно здравје, рече изворот. Ќе има тестирање за гости и координатор за безбедност на Ковид на лице место.

ЦДЦ само препорача носење маска во затворени простории за области со „висок“ и „значителен“ пренос, што вклучува речиси две третини од сите американски окрузи.

Роденденот на Обама е денес.

Обама летуваше на Мартас Винјард  скоро секоја година од претседателствувањето. Поранешното прво семејство во 2019 година, купи имот од 29 хектари на островот, за скоро 12 милиони долари. Куќата има седум спални и осум бањи, со приватна плажа и пристаниште.

Масачусетс има висока стапка на вакцинација. Но, за празникот 4 јули, Провинстаун беше место на зголемен број заразени со ковид кај вакцинираните луѓе, што го натера ЦДЦ да ги промени препораките за маска за лице.

Наместо подароци за поранешниот претседател, од гостите се бара да размислат за давање програми што работат за поддршка на обоени момчиња и нивните семејства во Соединетите држави, зајакнување на адолесцентните девојки низ целиот свет и опремување на следната генерација на нови лидери на заедницата, вклучително и  глобалните програми за лидерство на Фондацијата Обама, додаде изворот.

Обама има историја на големи забави за роденденот. Кога наполни 50 години во 2011 година, на забавата во Белата куќа му дојдоа Џеј Зи, Стиви Вондер, Том Хенкс и Крис Рок .

Лани имотот на Martha’s Vineyard  на поранешната прва дама Џеки Кенеди Оназис се продаде на пар непрофитни организации кои планираат да го претворат во природен резерват отворен за јавноста. Платија 27 милиони долари во период од четири години.

Семејството Кенеди ги задржува 95 хектари на имотот, вклучително и нивните домови.

Фармата „Ред Гејт“ беше фарма за овци и ловна кабина кога Кенеди Оназис ја купи во 1979 година. Таа почина од рак во 1994 година.

Имотот го одржуваше Каролина Кенеди, ќерката на Кенеди Оназис и претседателот Џон Кенеди.