Банките во Србија остварија профит од 774 милиони евра за шест месеци


Комерцијалните банки во Србија остварија профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објавува „Данас“.

Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето добивката на банките се зголеми за помалку од два проценти, бидејќи во споредливиот период тие заработија 89,2 милијарди динари (околу 760 милиони евра), наведува весникот.

Според билансите на банките објавени од Народната банка на Србија, доколку банките на домашниот пазар го повторат резултатот од првите шест месеци во втората половина од годината, нивната добивка ќе биде на ниво од минатата година, кога, по плаќањето на даноците, собраа рекордни 1,5 милијарди евра.

За првите шест месеци од 2025 година, италијанската Интеза води по профит со 134,4 милиони евра и е на пат да го надмине резултатот од минатата година.

Втора по профит е австриската Рајфајзен банка со 121,5 милиони евра, трета е италијанската Уникредит со 101,8 милиони евра, а четврта е унгарската ОТП со 101,4 милиони евра нето добивка.

„Големата шесторка“ на српскиот банкарски сектор ја комплетираат словенечката НЛБ Комерцијална банка со 87,3 милиони евра профит и домашната приватна АИК банка со 84,5 милиони евра нето добивка за првите шест месеци. Овие најголеми банки остварија дури 81,5% од вкупната добивка на целиот банкарски сектор, кој го сочинуваат 19 банки.

Две банки работеа со загуба во првата половина од годината: „Џетел банка“ со загуба од 2,6 милиони евра и „Мирабанка“ со загуба од 277.000 евра.