Благ пад на новозаразени во Србија


Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 1.242 новоинфицирани со корона вирус, а почина аосум пациенти.

Во болница се 945 пациенти, а 31 на респиратор.

Вкупно досега во Србија се регистрирани 742.313 заболени, а починаа 7.214.

Министерот за здравство Златибор Лончар, предупреди дека ја пропуштиле шансата, односно луѓето не се вакцинирале доволно брзо и се дозволило вирусот да мутира.

„И понатаму имаме доволно вакцини. Нема да излеземе од проблемот со крооната додека нема доволно вакцинирани. Според ова како сега работиме, тоа ќе трае со години. Единствено решение е вакцинацијата“, заклучи тој.