Бајден за кралицата Елизабета: Ме потсети на мајка ми, а ме праша за Путин и за Џинпинг


 

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека британската кралица Елизабета II го потсетила на неговата мајка, но го прашала и за кинескиот претседател Си Џинпинг и за рускиот Владимир Путин на чај во дворецот Виндзор во неделата.

Бајден многу ја фали 95-годишната кралица по нивниот приватен состанок одржан на крајот од самитот на групата Г7, на кој повика на ускладено делување во врска со Кина, и пред состанокот со Путин во средата.

„Мислам дека не би се навредила ако кажам дека ме потсети на мојата мајка, нејзиниот поглед, великодушноста“, рече Бајден )(78) пред новинарите пред заминувањето за Лондон.

„Многу е љубезна, тоа не чуди, но имавме одличен разговор. Праша за двајца челници, оној со кој ќе се сретнам, господинот Путин, и за Си Џинпинг и долго разговаравме“.

Бајден потврди дека ја повикал кралицата да ја посети Белата куќа.

Кралицата веќе се состана со Бајден и со неговата сопруга во текот на нивниот престој во Британија. Организираше прие за челниците на Г7 и нивните сопруги во петокот навечер во Корнвел каде се одржа тридневниот самит.

Џо Бајден е петтиот американски претседател кого кралицата го примила во Виндзор, по Доналд Трамп во 2018 година, Барак Обама во 2016, Џорџ Буш во 2008 година и Роналд Реган во 1982 година.

Во текот на нејзиното 69-годишно владеење, се сменија 14 американски претседатели, а Елизабета се состана со сите освен со Линдон Џонсон.