Бајден се состанува со челниците на ЕУ, сакаат да се обноват трансатланските односи
Американскиот претседател Џо Бајден денеска треба да се состане со шефофите на ЕУ и да ги постави заедничките цели во врска со глобалните предизвици како што се пандемијата и агресивноста на Кина.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, ќе го дочекаат Бајден во Брисел.
Односите може да напредуваат
Се очекува главна тема на состанокот да биде обновувањето на трансатланските односи по напрегнатото повеќегодишно владеење на Доналд Трапм. Досега трговските односи меѓу САД и ЕУ беа проблематични, но според наводите на еден дипломат на ЕУ, денеска ви можело да се постигне напредок.
Сојузниците веќе 16 години се судираат по прашањата на царините, но дипломатот тврди дека таа трговска препрека може да се укине на подолго време. Многу е веројатно дека двете страни би се согласиле на укинување на царините врзани за спорот околу авиониоте, вели изворот.
САД и ЕУ меѓусебно се обвинуваат за неправедна државна потпора на двете најголеми светски авионски компании, европски „Ербас“ и американски „Боинг“.
Наметнати се царини вредни повеќе милијарди долари на сите производи, оние кои се поврзани со авионската индустрија и оние кои не се .
Двата блока во март се согласија на укинување на царините на четири месеци.
Друго клучно прашање на состанокот ќе биде соработката во борбата против пандемијата од корона вирус. САД сака да ги укине патентите на производството на вакцини, а ЕУ е скептична и се прашува дали тоа е најдобро решени за недостигот на вакцини.