Бајден избегна блокада на буџетот, „извиси“ помошта за Украина


Бајден и Зеленски пред Белата куќа (Фото: АП)

Претседателот Џо Бајден во саботата потпиша предлог-закон за финансирање на федералната влада за да го спречи нејзиното затворање наредните 45 дена. Со тоа тој стави крај на хаотичните 24 часа што го зафатија поголемиот дел од Вашингтон и стави еден од главните приоритети на Белата куќа, помошта за Украина, во сериозна опасност.

Како и другите во главниот град на нацијата, Белата куќа на Бајден беше затечена во саботата наутро кога спикерот Кевин Мекарти нагло го смени курсот и најави дека ќе донесе чист закон со кој ќе го премости прекинот во финансирањето на владата до 17 ноември 2023 година.  Тие претпоставуваа дека пресметката со затворање на владата во одреден момент ќе заврши на овој начин – со главното прашање дали МекКарти ќе ги земе своите пари  пред или по крајниот рок за финансирање, а не беа ни незадоволни од исходот. Нацрт-законот не ја финансира само владата, туку вклучува и 16 милијарди долари за помош при катастрофи и, како што истакна еден функционер на Белата куќа, избегнува „секоја верзија на длабоки намалувања на основните домашни програми што беа предложени во изминатите неколку дена“. Но, законот не вклучуваше помош за Украина, а нејзиното отсуство не беше удар само за Бајден, туку и за Володимир Зеленски. Украинскиот претседател штотуку се сретна со претседателот и пратениците минатата недела за уште еднаш да се заложи за дополнителни средства за одбраната на Киев од Москва.

Внатре во администрацијата, помошниците се обидоа да го минимизираат исклучувањето. „Спикерот Мекарти ја изрази својата поддршка за помошта за Украина“, рече претставникот на Белата куќа, додавајќи дека очекуваат тој „наскоро“ да поднесе посебен предлог-закон. И Бајден исто така го истакна своето очекување дека ќе има уште еден обид да се помине помошта за Украина во блиска иднина.

„Иако спикерот и огромното мнозинство на Конгресот беа цврсти во својата поддршка за Украина, нема ново финансирање во овој договор за продолжување на таа поддршка“, рече Бајден во изјавата. „Во никој случај не можеме да дозволиме да се прекине американската поддршка за Украина. Целосно очекувам дека спикерот ќе ја задржи својата посветеност на народот на Украина и ќе обезбеди усвојување на поддршката потребна за помош на Украина во овој критичен момент“.

Колку од тоа беше спин или желба е тешко да се каже. Никој во Белата куќа не би рекол дека добил вистинско уверување од Мекарти дека ќе донесе мерка за помошта. Наместо тоа, двајца претставници на администрацијата забележаа дека МекКарти никогаш самиот не рекол дека нема да поддржи помош за Украина. Ставот  беше дека тој како спикер не може да ја вклучи Украина во предлог-законот за финансирање на владата за да не дојде до целосен бунт од неговата партија. Но, тоа не значи дека тој не може да го турка како посебна работа.

Водачот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, даде уверување дека финансирањето на помошта за Украина останува приоритет.

„Нема да престанеме да се бориме за поголема економска и безбедносна помош за Украина. Мнозинството во двете партии ја поддржуваат помошта за Украина, а да се направи повеќе е од витално значење за безбедноста на Америка и за демократијата ширум светот“, рече тој по усвојувањето на Сенатот.

Сигурно има и републикански апетит да се случи тоа.

„Повеќето републиканци во Сенатот остануваат посветени да им помагаат на нашите пријатели на првите линии“, рече лидерот на малцинството Мич Меконел претходно во ноќта. И сенаторот Џим Риш (Р-Ајдахо), високо рангиран член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека очекува помошта за Украина да биде вклучена во целогодишните резервации на средства што Конгресот треба да ги заврши подоцна оваа година.

Но, канцеларијата на Мекарти не понуди никаков одговор на барањето за коментар. Наводно  тој бил отворен да ја вклучи помошта за Украина во нацрт-законот за финансирање, но не можел да го финализира вордингот навреме.

Додека предлог-законот се упатуваше до говорницата на Сенатот во саботата навечер, на Капитол Хил имаше широко распространети очекувања дека гласањето поврзано со Украина ќе се случи следната недела, со оглед на длабоката поддршка во Сенатот. Водачот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, на прашањето за недостигот на нови пари за Украина во нацрт-законот, рече „мора да работиме на ова прашање“ и сугерираше дека ќе има гласање веднаш во понеделник.

Дали тие ќе застанат во одбрана на слободата, демократијата и вистината и на украинскиот народ или ќе продолжат да го наведнуваат грбот пред пратеничката група на републиканците во Претставничкиот дом? – праша тој на прес-конференцијата по гласањето во саботата. (Политико)