Бајден го соопшти тимот што ќе се бори против климатските промени
Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го претстави својот тим кој ќе работи против климатски промени.
Според новоизбраниот претседател, членовите на тимот се „паметни, вешти, искусни, и уриваат бариери“.
– Луѓето седат дома не само поради пандемијата, туку и поради лошиот квалитет на воздухот … Луѓе, ние сме во криза, рече Бајден.
Тој вети масовно создавање работни места во зелените индустрии, вклучително и автомобилската, лидерство на Америка во борбата против климатските промени и 500.000 станици за полнење електрични возила во САД.
Бајден ја номинираше поранешната гувернерка на Мичиген Џенифер Гранхолм за министер за енергетика, потоа, како прв претставник на домородното население номинирана е конгресменката Дебра Холанд за шефица на Министерството за внатрешни работи на САД, кое е одговорно за прашањата за користење на земјиштето. Тие допрва треба да бидат одобрени од Сенатот, а разгледувањето на кандидатите ќе започне не порано од крајот на јануари.
Покрај нив, Мајкл Реган треба да стане шеф на Агенцијата за заштита на животната средина, а Бренда Мелори претседателка на Советот за квалитет на политиката за животна средина. Џина Мекарти ќе стане национален советник за клима и Али Заиди ќе биде нејзин заменик.
Бајден вети дека борбата против климатските промени ќе биде еден од приоритетите на неговата администрација.