„Бајага и Инструктори“ на 30 јули со концерт на Антички во Охрид


Регионалните ѕвезди „Бајага и Инструктори“ се враќа во Охрид за Илинден со невиден концерт од својот безвременски каталот на најубави песни на Антички театар од 21 часот, најавува организаторот „Авалон продукција“. 

Дали можете да замислите како во Античкиот театар во Охрид ќе звучат „Zažmuri“, „Sa druge strane jastuka“, „Kad hodaš“, „Od kada tebe volim“, „Plavi safir“, па се до последните хитови од последниот албум кој излезе лани, со наслов „Ovaj svet se menja“?!

Влезниците во ограничен број ќе бидат пуштени во продажба од утре (01-ви јули)  во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, по цена од:

ПАРТЕР седење- 1000 денари 

ФАН ПИТ пред бина на стоење- 1500 денари (ексклузивни 200 влезници).