(Видео) Авион на јужнокорејската Ер Бусан се запали на аеродромот во Бусан
Авион на јужнокорејската „Ер Бусан“ денеска се запали на меѓународниот аеродром Гимхе во Бусан, при што се евакуирани сите 169 патници и седумте членови на екипажот, објави Јонхап.
Пожарот започнал во крајниот дел на авионот.
Инцидентот се случи еден месец по најсмртоносната авионска катастрофа на јужнокорејско тло, кога авион на компанијата „Џеџу ер“ (Jeju Air) од Бангкок се урна на пистата на аеродромот Муан за време на итно слетување, при што загинаа 179 од вкупно 181 лице во него.
Нискобуџетната компанија „Ер Бусан“ (Air Busan) е дел од „Азијана ерлајнс“, која минатиот месец ја купи „Кореан ер“.
Ongoing ! An Air Busan Airbus A321 aircraft caught fire at Gimhae International Airport (PUS).
At around 10:30pm local time on the 28th, a fire broke out in the tail section of an Air Busan plane bound for Hong Kong at Gimhae Airport.
It was reported that all 170 passengers… pic.twitter.com/pa1CwaUEj6
— FL360aero (@fl360aero) January 28, 2025