Укинувањето на екраните на допир во автомобилите не значи дека се враќаме на копчињата


Автомобилите на иднината веројатно воопшто нема да имаат екран на допир, но нема да имаат и многу копчиња.

Во денешно време речиси е невозможно да се купи автомобил без екран на допир. Тие се толку распространети што е тешко да се замисли автомобил без нив, иако имаат и негативна страна, односно често го одвлекуваат вниманието на возачот.

Шефот за дизајн на Nissan, Алфонсо Албаиса, вели дека автомобилите од иднината веројатно воопшто нема да имаат екрани на допир, но нема да имаат и многу функционални копчиња.

Наместо тоа, тој верува дека ветробранското стакло ќе стане еден голем екран. Со помош на новата технологија, проѕирниот LED екран може да се залепи директно на стаклото.

Се очекува технологијата да биде подготвена за употреба во рок од десет години.

„Во иднина ќе биде неопходен некаков екран“, убеден е Алфонсо Албаиса.

„Купувачите на автомобили се навикнати на различни видови содржини и апликации благодарение на Apple и Google.